Категории

Доаѓаат некои такви денови, кога ти е доста од сѐ!

Доаѓаат некои такви денови.


Кога сѐ се насобира,
кога ти е преку глава,
кога мозокот сака да експлодира од премногу мисли, а душата од премногу грижи.
Кога се насобираат стравови.
Кога од сите страни доаѓаат само лоши вести.
Експлодираш.
Ќе се исплачеш.
Ќе се исплачеш повторно.
Сѐ додека имаш солзи.
Па се смируваш.
Се стишуваш.
Чекаш да помине.
Си вариш чај.
Бараш сила да ги собереш своите делчиња и да продолжиш понатаму.
А има понатаму, и сѐ уште може да виде добро и убаво.
Мора да може.
Мора да постои некое место каде што можеш да бидеш понекогаш среќен и сигурен и каде што е топло.
Каде што мириса на гибаницата на мама и на лосионот на тато, на парфемот на сестра ти и косата на децата кога биле мали.
Сега само испиј го тој чај, смири се и диши длабоко.
Полека.
Ќе биде добро.

 

 

 

За моја душа

Прегледи:
561
Објавено на:
28.12.2021