Според истражувањата на американските психолози, добрите луѓе се изложени на поголем ризик од финансиски потешкотии и банкрот.
Имено, според истражувањето објавено во списанието Journal od Personality and Social Psyhoology, луѓето со топол карактер имаат помала заштеда и поголем долг од тие кои се помалку пријатни личности. Причината за тоа не е затоа што се послаби преговарачи, како што на почетокот се сомневало, туку затоа што парите им се помалку важни. D-r Joe Gladstone од лондонскиот универзитет тврди дека врската помеѓу карактерот и материјалниот статус „е фактот дека пријатните, драги луѓе, помалку се грижат за парите и затоа со нив полошо управуваат“. Научниците го заклучиле тој факт истражувајќи податоци од повеќе од три милиони луѓе.
„Кога сте драги и доверливи, тоа со себе носи одредена финансиска загуба, посебно за тие кои немаат начин да го компензираат својот карактер“- истакнува Sandra Mac, коавтор на студијата од Колумбиската бизнис школа во Њујорк. Сличен заклучок имале и претходните студии.