Категории

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЕВРОПСКАТА ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕМА КРИМИНАЛ

Пред неколку години Лихтенштајн донела правилник за однесување на доселениците. Во него стои дека е препорачливо граѓаните да бидат тивки во текот на официјалното време за ручек – од 12 до 13.30 часот.

Оваа мала земја, сместена меѓу Австрија и Швајцарија, крие голем број занимливости, а ние ви ги претставуваме највпечатливите.

– Во Лихтенштајн нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во државата има неколку затвореници. Секој кој е осуден на казна подолга од две години оди во затвор во Австрија. Луѓето во оваа земја се чувствуваат толку сигурно што не ја ни заклучуваат влезната врата.

– Во еден момент од историјата, Швајцарија извршила инвазија врз Лихтенштајн. Швајцарските војници со вооружени пушки, но без куршуми, за време на воени вежби случајно ја преминале границата.

– Еднаш годишно, сите жители се повикуваат на забава, односно на пиво во дворот на дворецот Вадуц.

– Главниот град е Вадуц, во кој живеат 5.425 жители.

– Лихтенштајн е водечки светски произведувач на вештачки заби. Имено, компанијата „Ivoclar Vivadent“ е водечка компанија во производството на вештачки вилици и навлаки, со вкупно удел на пазарот од 20%.

– Пред 5 години можеше да се изнајми целата држава на една вечер. Имено, во соработка со „Airbnb“, бил понуден простор за сместување на 150 гости, пробување на вино со принцот и создавање лична валута од привремен карактер. Задоволството чинело 70.000 долари.

– Во Лихтенштајн службен јазик е германскиот, но жителите воглавно не го зборуваат. Повеќето зборуваат на алемански дијалект, различен од стандардниот германски јазик.

– Химната на Лихтенштајн „Oben am jungen Rhein“, има иста мелодија како химната на Британците „God save the Queen“.

– Се` до 1984 година поради пропаѓање на три референдуми, жените во Лихтенштајн не можеле да гласаат на изборите. На референдум можеле да излезат само мажите, такашто референдумот успеал после четвртиот обид, со 51.3% од гласовите.

Прегледи:
523
Објавено на:
30.03.2016