Категории

Добро здравје и фит тело – време е за велосипед!

Сончевото време веќе пристигна, па време е да го извадите велосипедот и да почнете да го користите. Тој помага во губење на тежината и тонирање на мускулите, но се препорачува и за превенција на срцеви болести и за зачувување на менталното здравје. За еден час возење на велосипед може да се потрошат 500-600 калории, во зависност од интензитетот.

Здраво срце и мозок
Освен за слабеење, возењето велосипед се препорачува и за превенција на срцевите болести и сочувување на менталното здравје. Истражувањата покажуваат дека секојдневно само половина час  возење на велосипед го намалува ризикот од болести на кардиоваскуларниот систем. Кога се работи за менталното здравје, психијатрите советуваат дека оваа активност има моќ да ја намали анксиозноста и депресијата, бидејќи велосипедот го потикнува мозокот да лачи невротрансмитер допамин кој директно влијае на енергијата, поточно го намалува чувството на замор.

Пулс
Ако целта на возењето на велосипед е подобра кондиција и елиминација на вишокот на килограми, тогаш е потребно да се внимава на интензитетот. Тоа најдобро може да се согледа преку мерењето на пулсот. Погледнете во која животна доба колкав би требало да биде пулсот во текот на возењето велосипед.

20-29=115-145

30-39=110-140

40-49=105-130

50-59=100-125

60-69=95-115

Темпо
Идеално е велосипед да се вози 3 пати неделно, а во зависност од времетраењето се постигнуваат и ефектите. Десет минути возење дневно е доволно за подобрување на тонусот на мускулите, циркулацијата и здравјето на зглобовите, а ако сакаме да го забрзаме метаболизмот и да согориме масти- потребно е да се вртат педалите 50 минути дневно. Најдобро време за возење на велосипед е наутро, бидејќи тогаш највеќе се создава витамин Д, кој го врзува калциумот во коските и на тој начин ја спречува остеопорозата. Првите 5 минути од возењето треба да биде загревање кое ќе вклучува бавно возење, а исто така и последните 5 минути треба да се намали вртењето на педалите.

Го придвижува целото тело
Возењето велосипед се смета за еден од најдобрите рекративни активности, бидејќи ги активира сите мускулни групи, па со редовно возење телото брзо се обликува. Упатените тврдат дека веќе по 2-3 недели од редовното возење се постигнува затегнување на мускулите на нозете. Исто така, активни се и мускулите од долниот дел на грбот и стомачните мускули кои ја задржуваат правилната положба на телото на велосипед.

Прегледи:
689
Објавено на:
08.05.2019