Категории

И ДОДЕКА ЧЕКАВ ДА СЕ ПРОМЕНИ ТОЈ, СЕ ПРОМЕНИВ ЈАС

Го сакав и се уште го сакам, всушност повеќе го сакав кога не беше покрај мене отколку кога беше.

Имаше некоја чудна приврзаност помеѓу нас што ме тераше да му ја фатам раката силно и да се чувствувам како да летам во облаците.

Не дека беше најдобар, туку тој беше совршен во моите очи, посебен. Всушност јас повеќе бев вљубена во него онака како што го запознав првите денови, а не во она што се претворил денес.

И можеби тоа беше причината што надежта во мене никогаш не се изгуби и сама себе се лажев, напразно се надевав дека ќе се промени. И додека чекав да се промени тој, се променив јас. И почнав да ги разбирам работите што се случиле претходно, а јас сум прелетала преку нив како ранета птица што го изгубила видот.

Оној ден кога го оставив, ги потврдив моите сомнежи што на крај, за жал испаднаа точни. Знаев дека дел од мене засекогаш ќе остане во него, заедно со неговата гордост и мојата тврдоглавост.

Илијовска М.

Прегледи:
481
Објавено на:
18.04.2016