Категории

Докажано: На жените им е потешко да ослабат

Група британски и американски научници утврдија дека поради влијанието на хормоните на жените им е потешко да ослабат отколку на мажите, пренесува Фена.

Во некои делови на светот екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација.

Во новото истражување е утврдено дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија, и на крајот, намалувањето на телесната маса.

Станува збор за про-опиомеланокортин пептиди кои се произведуваат во делот на мозокот, вклучен меѓу другото, во процесот на согорување на калории.

Експериментите спроведени на животни покажаа дека дејството на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание „Молекулар Метаболизам“.

Прегледи:
449
Категории:
Занимливости
Објавено на:
06.02.2016