Категории

Доколку ги поставувате овие 3 прашања значи дека сте неинтелигентна личност

Овие прашања не треба да ги поставите ни на најблиските личности во семејството. Колку и да имате добра намера или добро ја познавате личноста која стои пред вас, постојат одредени прашања кои никогаш не се поставуваат. Тие го претставуваат нивото на вашата емоционална интелигенција или отсуство на истата.

„Кога ќе најдеш редовна работа?“

Ова не е прашање, ова е причина за блокирање на социјалните мрежи. Прашањето заменете го со: „Што правиш во овој момент?“, „Кажи ми нешто повеќе за својата работа, дали си задоволен?“

„Кога ќе имаш дете?“

Автоматска реакција: Никогаш. Но нема да дојдеме до оваа точка, бидејќи ќе знаеме дека личноста која не прашува мисли дека сите имаме исти цели, ист план, иста желба и тоа е многу проблематично. Особено кога станува збор за толку чувствителни лични прашања.

Ако барате алтернатива, нема конкретна замена. Ајде едноставно никогаш да не го отвораме тоа прашање.

„Зошто си толку слаб/а или дебел/а?“

Уште едно прашање кое никогаш не треба да го поставувате. Обично постои причина за промени во тежината и никој не мора да знае за тоа освен вие самите. Секако, единственото нормално однесување е избегнување на коментари на сметка на туѓиот физички изглед.

Прегледи:
518
Објавено на:
10.12.2021