Категории

Доколку го забележите ова во брашното, фрлете го веднаш!

Кратката објава на една Австралијанка на Фејсбук „Тие мали траги во брашното“ била доволна за да се започне расправа во врска со тоа дали знаеме што јадеме воопшто и колку често ги проверуваме прашкастите намирници.

Имено, трагите видливи на фотографиите се траги од ларви. Станува збор за инсекти кои можете да ги видите во дворовите и складиштата, но неретко остануваат и во домовите во текот на зимата, во храната како ориз и брашно, каде што живеат и се размножуваат.

Како да се ослободите од нив?

Намирниците чувајте ги во стаклени, метални или пластични садови, а ако веќе се размножиле, тогаш најпаметно е да ја фрлите заразената храна.

 

Прегледи:
1011
Објавено на:
07.06.2018