Категории

Доколку плаќате со картичка, ова мора да го знаете: Еден детаљ открива дали во моментот ве крадат!

Криминалците кои се бават со злоупотреба на платежни картички константно ја унапредуваат својата технологија, така сега користат читачи на картички кои се идентични со оние кои се употребуаат во продавниците, угостителските објекти…

Уредот кој криминалците го користат изгледа исто како читачот произведен на INGENICO кој се користи во секоја земја. Меѓутоа уредот кој служи за злоупотреба е малку поголем, односно е поширок и подолг. На него обично е залепена и лажна тастатура.

За време на внесувањето на картичката во него, картичката обично влегува до крај што не е случај кај регуларниот читач во кој влегува до пола (како на сликата). Исто така при читање на податоците од лажниот уред обработката трае многу подолго.

Се ова можат да бидат знаци дека уредот кој што ги чита податоците од вашата картичка е лажен и дека постои шанса да бидете украдени а за тоа воопшто да не сте свесни.

Инаку, своите пари можете да ги заштитите така што ќе активирате смс порака која ќе ви стига секогаш кога ќе направите некоја трансакција преку платежната картичка. Ограничете колку пари можете да подигнете преку банкомат во текот на денот. Доколку ја имате изгубено, отидете во банка и блокирајте ја.

За време на плаќање со картичка задолжително следете ја операцијата.

Проверете ја вашата сметка по плаќањето, полето кое треба да ја содржи вкупната цена никогаш не смее да биде празно!

Прегледи:
360
Објавено на:
31.01.2017