Во денешно време луѓето се венчаваат покасно отколку во минатото. И додека порано било вообичаено да се стапи во брак во дваесеттите години од животот, денес се повеќе парови се одлучуваат на тој чекор во триесеттите години.
Доколку сте пред венчавка, а имате повеќе од 30 гоидни, веројатно ќе се разведете. Тоа го тврди стручњакот за врски и семејство, професорот по социјологија на Универзитетот Јута, Николас Вулфингер. Тој спровел детално истражување за да открие дали постои поврзаност помеѓу периодот на стапување во брак и веројатноста за развод.
Проучувал податоци од бројките на склопени бракови и возраст на паровите во период од 2011. до 2013. година, а опфатил личности на возраст од 15 до 44 години.
Открил дека најмал ризик од развод имаат паровите кои влегле во брак по доцните дваесетти години од животот, додеа најглема стапка на разводи имаат оние кои судбоносното ДА го изговориле на средината и крајот на триесеттите години, бидејќи во тој период од животот луѓето најмалку се поготвени на компромиси и промени на животните навики.