Категории

Докторите предупредуваат – Никако не ги слушајте овие совети кои кружат околу корона вирусот

Низ интернетот кружат бројни заблуди, никако немојте да ги слушате бидејќи можат да ви го нарушат здравјето

Откако е прогласена епидемија на овој вирус, интернетот е преплавен од разни совети препораки на личности кои не се нити најмалку стручни во оваа област. Некои се безопасни, додека некои можат сериозно да му наштетат на здравјето.

Овие совети никако не смеете да ги следите:

Бел лук како лек
Многу корисници на друштвените мрежи советуваат дека конзумирањето на бел лук е силен лек против вирусот. Вистина е дека белиот лук е одличен за бројни здравствени проблеми, и го зајакнува имунитетот, но никако не може да се смета за лек против корона.

Од светската здравствена организација кажуваат дека иако се работи за здрава храна која поседува бројни анимикробски својства, не постојат докази дека конзумирањето на бел лук може да заштити од корона вирусот.

Во последнот период, постојат неколку пациенти кои биле задржани на итно болничко лечење поради тешко воспаление на грлото поради прекумерно конзумирање на сиров бел лук.

Минерали
Постојат неколку компании кои се обидуваат да пласираат лек против корона, но никако немојте да наседнете на таквите измами. Здравствената институција советува дека овој лек и слични лекови не смеат никако да се купуваат.

Пиење вода на секои 15 минути
Во еден пост на социјалните мрежи, јапонски доктор советува да се пие вода на секои 15 минути, наводно тој го отстранува секој вирус од устата.
Институтот за светско здравје и медицина сподели дека не постојат никакви докази дека тоа помага. Вирусот од воздухот влегува во телото преку респираторниот тракт кога ќе земете воздух, па дури и постојаното конзумирање на вода нема да спречи да се заразите.
Но сепак, тие препорачуваат постојано да се хидрирате.

Прегледи:
541
Објавено на:
19.03.2020