Уморна од корпоративната работа во центарот на Варшава и малиот стан недоволен за нејзиното семејство, Каролина и нејзиниот сопруг се преселија во куќа со градина во помал град.
Тие сакаа градина, тераса и доволно простор за одледување зеленчук. Во нивниот напор успеаја и го реализираа големиот сон. Наскоро тие ја добија својата ќерка Лили и веќе три години среќно живееат во овој шармантен дом дизајниран со голема љубов.
Тие обожаваат бои и различни стилови кои вешто се комбинираат. Тие не сакаат да ја контролираат имагинацијата и креативноста, бидејќи имаат премногу нови идеи и работи што им се допаѓаат, а исто така и нивната куќа, е мешавина од различни стилови, топла и удобна.