Категории

Домашен напиток кој ќе ви помогне да го отстраните лошиот здив

Во одржувањето на оралната хигиена најважно е редовно миење на забите, но и плакнење на усната шуплина, со цел да се отстранат насобраните бактерии, кои се главната причина за лошиот здив.

Ако сакате да избегнете непријатни миење на устата, подгответе пијалок што ќе ви даде ефикасен резултат.

Зелените лисја од магдонос имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја, што укажува на изобилство на хлорофил, е најдобриот природен борец против лошиот здив затоа што има антибактериски својства.

Чај од магдонос
Состојки: половина грст свеж магдонос и ½ литри вода

Подготовка: Ставете половина литар вода во тенџере и додадете исечкан магдонос, па варете ја околу пет минути. Потоа исцедете го пијалокот, изладете го и консумирајте го после секој оброк.

Прегледи:
443
Објавено на:
23.07.2021