Категории

Домашен третман за негувани и мазни стапала

Летото веќе пристигна а со него и возбудата да ги облечете вашите омилени сандали, но што ако вашите стапала не изгледаат така привлечно? Сигурно се прашувате што се случило со вашата кожа и што да направите за тие да изгледаат негувано и мазно.
Причините поради кои вашите стапала во текот на зимата го изгубиле својот убав изглед се многубројни а тоа може да биде неправилната исхрана, недоволното внесување на вода во организмот, климата како и болести и ингекции кои ја оштетуваат кожата на стапалата.
Но за таа цел ние ви откриваме едноставна постапка за која ќе ви е потребно минимално време за да ги доведете вашите стапала во посакуваниот изглед и да чекорите со самодоверба ова лето.

Чекор бр.1
Направете купка за стапала
За почеток е најважно опушање на уморните стапала и овозможување правилна циркулација.
Во топлаљ вода додадете морска сол и неколку капки етерично масло – се препорачуваат лаванда, чајно дрво и еукалиптус поради тоа што имаат антисептичко дејство.  Ставете ги нозете околу 15 минути. Оваа псотапка може да се повторува секоја вечер се додека изгледот на вашите стапала не се поправи. После тоа може да ја практикувате 1-2 пати неделно.

Чекор бр.2
Пилинг
Исто така и на стапалата им е потребен пилинг. Пилингот е метода со чија помош ќе ја отстраните мртвата кожа и ќе постигнете тоа посакувано мазно чувство. Направете смеса од маслиново масло, кафеав шеќер и морска сол. Добро втријте ја на подрачјата каде што имате сува кожа. После тоа можете да употребите камен или стругалка за пети. Пилингот не е потребно да се повторува секој ден, доволо е 1-2 пати неделни.

Чекор бр. 3
Добра крема за стапала
Доста е важна негата на стапалата после пилингот. Најдобро е да користите креми со природни состојќи бидејќи оние кои содржат премногу хемиски супстанции можат дополнително да ја исушат кожата на стапалата. Наместо крема исто така можете да користите шеа путер, бадемово или кокосово масло.
Најважно е кремата да ја втриете нежно и да направите масажа.

Прегледи:
1980
Објавено на:
30.05.2017