Категории

Домот постојано ќе ви мириса убаво: Направете домашен освежувач на воздух

Живееме брзо темпо и многу често забораваме да си дадеме десет минути повеќе за да земеме здив. Понекогаш не сме свесни колку лошите миризби можат всушност да влијаат на нашето расположение и емоции. Затоа секогаш имајте при рака освежувач на воздух и самите ќе приметите колку позитивно ќе влијае врз вас.

1. Лимон, рузмарин и ванила

Сензуалните ароми на рузмарин и ванила се неодоливи и оддаваат свежина. Пресечете го лимонот на парчиња, ставете го во тегла и додадете вода. Додадете само неколку капки ванилин екстракт и 3-4 парчиња рузмарин.

2. Портокал, ѓумбир и бадем

Комбинацијата од слатка и зачинета арома на бадеми и сок од портокал е совршена комбинација. Пресечете еден портокал во подебели кружни парчиња, ставете ги во тегла и додадете вода. Додадете парчиња лимон за да оддаде уште посвежа арома. Освен тоа, нема да згрешите доколку додадете неколку мали парчиња свеж ѓумбир. Тогаш додадете неколку капки бадемово масло по вкус.

3. Краставица, босилек и лимон

Остриот мирис на босилек во комбинација со свежината на краставиците и лимон инстантно ќе му додаде свежина на вашиот дом. Пресечете неколку парчиња краставица, ставете ги во тегла и додадете вода. Во зависност од вашиот вкус, ставете неколку парчиња босилек и неколку парчиња лимонова кора.