Категории

Допирање по лицето за време на корона вирусот: Како да внимавате?

Дали сте свесни колку пати во текот на денот несвесно си го допирате своето лице..

Здраствените работници советуваат дека внимавањето да не се допира лицето може да го стопира ширењето на корона вирусот.

Во Сиднеј во 2015 година беше спроведена студија во која беа снимани студенти на медицина и беа следени колку пати го допираат лицето. Секој од 26-те студенти, лицето го допираа повеќе од 23 пати во текот на денот.

Скоро половина од тие допири вклучувало контакт со раката на устата, носот или очите.

За епидемијата на корона вирусот која веќе уби 19 луѓе во Америка и повеќе од 3,500 ширум светот, докторите советуваат дека е потребен само еден допир и бактериите од вашите раце да се пренесат во телото преку носот, очите или устата.

Доколку сте свесни за вашата навика често да го допирате своето лице, постојат начини да го спречите ризикот од зараса.

Докторите советуваат секогаш со вас да носите марамици и да го допирате со нив вашето лице наместо со голи раце.

Федералните центри за контрола и превенција на болеста препорачуваат да ги миете рацете со сапун и вода најмалку 20 секудни. Ако водата не ви е достапна тогаш можете да користите сретство за дезинфекција на рацете кое содржи минимум 60% алкохол.

Прегледи:
456
Објавено на:
10.03.2020