Категории

Дознајте ја причината зошто Пол Вокер потрошил $9,000 на веренички прстен на непознат пар

Во 2004, Кајл Упхам и неговата вереничка, сега сопруга, Кристен, се решиле да го потврдат нивното „ДА“ со дијамантски прстен. Во дуќанот имало уште еден купувач, но не му обрнале многу внимание.

 

Продавачот им предложил да разгледаат модели во некоја друга продавница за накит, но парот признале дека финансиски не можеле да си го дозволат тоа.

Кога почнале да дискутираат меѓусебе, тие сфатиле дека третиот муштерија во дуќанот е всушност Пол Вокер. Кајл му раскажал на Пол дека е сместен во армијата и дека наскоро требало да биде испратен во Ирак по втор пат. Но пред тоа, сакал да и подари свршувачки прстен на својата свршеница.

Кирстен ја приметила промената на ликот на Пол кога слушнал за трогателната судбина, но не можела да обрне премногу внимание. Ја напуштиле продавницата со празни раце.

Немајќи идеја за намислите на Пол, по неколку дена парот добил повик од продавницата и биле замолени да си го земат прстенот од девет илјади долари кој бил веќе платен од купувач кој решил да остане анонимен. Тие се обиделе да го дознаат името на човекот, но тие одбивале да го кажат.

Вистината излегла дури во 2013 кога глумецот почина. Ирена Кинг, поранешна вработена во истата продавница, одлучила дека нема повеќе смисла името сеуште да биде чувано во тајност.

Според Ирена, глумецот се растажил од приказната на Кајл и од тажната вистина дека парот немале доволно финансии да си го дозволат прстенот. Па поради тоа, тој го купил прстенот и разговарал со менаџерот за да го замоли да го даде како подарок на заљубениот пар, а притоа неговото име да остане во тајност. Бил премногу вознемирен од фактот дека војникот, кој си го ризикувал сопствениот живот за државата, нема доволно пари да и купи веренички прстен на својата идна жена.

Така Кајл и Кристен конечно ја дознале вистината за вистинскиот купувач. „До ден денес, ова е најубавото нешто што некој го сторил за мене.“-изјавила Кристен. „Кога ќе дојде денот да го дадам овој прстен за следните генерации, ќе имам приказна што секогаш ќе ја раскажувам.“

 

Прегледи:
437
Објавено на:
20.09.2016