Категории

Дознајте како влијае 10-дневното летување врз вашиот организам

Летувањето, освен што може да го подобри вашето расположение и да ви го потемни тенот, добро е и за вашиот организам. Еве кои се најголемите здравствени придобивки од 10 дневен одмор:

Зголемена плодност

Сончањето ја зголемува плодноста и кај двата пола, бидејќи го зголемува нивото на витаминот Д. Витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген, што го гегулираат циклусот и ги зголемува шансите за бременост.

Повеќе секс

Неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имаат во август. Научниците, резултатите ги објаснуваат со фактот дека сонцето ги зголемува хормоните на среќата – серотонинот и допаминот.

Понизок крвен притисок

Повеќе медицински истражување покажале дека УВ зраците го зголемуваат опуштањето на крвните садови предизвикувајќи намалување на крвниот притисок, но сепак внимавајте и не се изложувајте премногу на сонце.

Подобар сон

Со самот тоа што поминувате помалку време пред компјутер или телевизор вашиот сон се подобрува. Да не заборавиме и дека престојувањето на море дава психички одмор на организмот.

Полесно дишење

Една од главните причини зошто одморот е од голема важност за здравјето е и тоа што морскиот воздух е полн со јод кој го регулира нивото на хормоните и помага при проблемите со астма и други респираторни болести.

Прегледи:
938
Објавено на:
06.07.2018