Категории

Дознајте што е ХРОНО исхраната, основни правила и мени за почетници

Моментално насекаде низ светот се практикува хроно исхраната, иако постојат и позитивни и негативни коментари на сметка на оваа исхрана, таа ги доживува своите најпопуларни денови.

„Хронерите“ ќе ви кажат дека ако сакате да бидете најадени, а да намалите неколку килограми, тогаш време е и вие да се обидете. Но што е всушност оваа исхрана? Иако е смислена во Франција уште во 1986-та година, оваа исхрана дури сега доживува експанзија. Во оваа исхрана не подразбира броење на калории или гладување, но мора правилно да ги комбинирате намирниците и да јадете во одредено време. Има период на рестрикција кој трае минимум 1 месец или додека не дојдете до посакуваната тежина

Доколку би сакале да се обидете да го водите овој режим на исхрана или барем подобро да се запознаете со истиот, ние ви нудиме базичен водич за истиот.

 

Најважни правила во рестриктивниот период

Периодот на рестрикција е задолжен. Минималниот период на рестрикција трае 28 дена и е период во кој телото се прилагодува на исхраната. Рестриктивниот период се применува се додека не се дојде до посакуваната тежина, после тоа се преминува на вон рестриктивен или траен режим. 2. Во Хроно исхрана количините не се мерат, се јаде додека сме гладни, три пати на ден во период од 4 до 6 часа, најправилно е на 5,5 часа. 3. Кафето е дозволено да се пие само 2 пати дневно и тоа 30 минути после појадок и ручек. Дозволено е какао 2 до 3 пати неделно.

Генерални забрани во Хроно исхрана

  • забранет е внес на течности 30 минути пред и по оброк (вода, билен чај, лимонада)
  • забранети се секакви видови на сокови и засладени напитоци. Дозволена е минерална вода до 2 чаши дневно.
  • забранет е внес на шеќер, мед, натрен и други засладувачи. Од засладувачи, дозволена е само Стевиа.
  • забранети се сите видови на млеко, освен домашно бадемово млеко.
  • овошје не смее да се јаде во рестрикција освен лимон и авокадо.
  • забранет е маргарин. Дозволен е путер и маст.
  • забранет е секаков вид на оцет, дури и домашен. Како замена се користи лимон.
  • во рестрикција e забранет мешункаст зеленчук како: грашок, пченка, компири, грав, ориз и боранија.
  • забранети се соја и соини производи.
  • забранет е секаков вид на алкохол освен црно суво вино, до 4 чаши неделно.
  • забранети се овошни чаеви, црн чај и чај од Хибискус. Дозволени се билни чаеви.

Правила и насоки за Хроно леб

  • сите брашна во ХИ треба да се интегрални
  • забранет е квасец и домашна маја
  • без разлика дали пченичното брашно е интегрално, во минималниот период на рестрикција од 28 дена не се користи а подоцна во траен режим е дозволено повремено (за частење душа еднаш на две недели во некое пите) во соонос со други дозволени брашна 1/3. Истото важи и за спелтиното брашно.
  • забрането е рафинирано сончогледово масло. Препорачано е обично маслиново масло за пржење и печење. Ладно цедените масла се користат само за салати.
  • дозволени се сите видови семки во количина до 100гр. неделно.
  • забранета е готварска сол. Дозволена е морска или хималајска сол.

 

ПОЈАДОК – дознајте на следната страна…

1 2 3 4

Прегледи:
4033
Објавено на:
25.08.2017