Категории

Дознајте што е ХРОНО исхраната, основни правила и мени за почетници

Појадок

(jагленихидрати, протеини и масти)

Правила за појадок • наутро прво се пие билен чај (овошните чаеви, црниот чај и чајот од Хибискус не се дозволени) или млака вода со лимон. Половина час после тоа може да се појадува. Пушачите, првата цигара може да ја запалат дури после појадокот.

  • само за доручек се јаде леб и тоа направен од некое од дозволените интегрални брашна од: ‘рж, хељда, јачмен, овес и поретко спелта. Може да се прават палачинки, мафини, вафли од интегрални брашна и дозволени намирници.
  • само за доручек се дозволени млечни производи, до 4 пати неделно. • нзе е дозволено мешање на два млечни производи или млечно со јајца. Јогурт не е дозволен. Кефир не е дозволен во рестриктивниот период. • за доручек може домашно суво месo, пршута или сланина. • од семки смее сончоглед, лан, чиа, сусам. Неделно се дозволени вкупно 100 гр. семки
  • за доручек се јадат цели јајца (белка и жолчка) во секаков облик, за ручек и вечера се дозволени само белки.

Дозволени намирници за појадок

  1. Jагленихидрати леб и пецива од интегрални брашна од ‘рж, јачмен, хељда, овес, спелта. Избегнувајте ја спелтата во во првите 28 дена.
  • каши од цело зрно житарка овес, јачмен, просо, амарант, киноа и леблебија
  1. Протеини
  • сувомесни производи – сланина, пршута, домашни сувомесни производи, чварки (поретко) млечни производи – кисело млеко, грчки јогурт, урда, фета сирење, домашно младо сирење, моцарела (во вода), кајмак (поретко)
  • јајца (до 8 цели јајца неделно, белките се неограничени)
  • печурки
  • хумус
  1. Масти
  • путер (до 20 гр. дневно)
  • авокадо
  1. Зеленчук
  • црвен и црн – домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена зелка
  • бел – карфиол, печурки, стар кромид, лук
  • зелен – пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ

Предлог рецепти за појадок

 

 

РУЧЕК – на следната страна…

1 2 3 4

Прегледи:
4035
Објавено на:
25.08.2017