Ирина Шајк и актерот Бредли Купер се појавија на доделувањето на Златен глобус кој се одржа во првите часови на православниот Божиќ во Лос Анџелес, а промената во имиџот на манекенката ги воодушеви сите.
Популарниот пар на црвениот тепих се прошета држејќи се за раце и со насмевки, преку кои на сите им ставија до знаење дека нивниот однос совршено функционира.
Но, она што особено привлече внимание е новата фризура на манекенката, за која многу фризери рекоа дека е апсолутен хит за оваа сезона.
Досега повеќепати се коментирало како Ирина е секогаш нерасположена кога ги сликаат фотографите по улиците, а причината е само тоа дека неа и пречат папараците кога ужива во времето поминато со семејството.
За потсетување, Ирина и Бредли ја имаат едногодишната ќерка Леа.