Категории

Древни православни цркви изрезбани во далечните планини на Етиопија

Национална географија –

Вашингтон Црквите во далечните планини во Етиопија, за кои се верува дека се изградени пред повеќе од 1000 години, со векови претставуваат место за богослужба за православните христијани од овој дел на светот.

Верувајќи дека на тој начин се приближуваат до бога, фигуративно, но и буквално, младите ученици ги ризикуваат своите животи секој ден качувајќи се на стрмните планински падини за да стигнат до црквите во кои со свештениците читаат свети списи од христијанската вера, пишува „Дејли мејл“.

Момчињата го прифаќаат свештеничкиот повик од мали нозе, благодарение на своите родители кои веруваат дека тоа ќе им обезбеди подобар живот, кој тие не можат да им го пружат на своите мали земјоделски имоти.

Еден од странците кој се осудил да мине десетина дена во етиопските планини, фотографот Ашер Свиденски вели дека некои свештеници-учители живеат во овие планини над 40 години.

– Со нив секогаш се и млади ученици, кои дошле тука во потрага по подобар живот. Сушите ги мачат луѓето од Етиопија, па гладта станува секојдневие. Во желба да се тргнат од проблемите на секојдневниот живот на земјоделците, родителите ги испраќаат своите деца во црквитем вели Свиденски.

Тој сведочи и за проблемите што го чекаат секој кој по патот на стрмните планински падини ќе се упати кон древните храмови.

– Безброј пати се случувало да се одвои камен од карпа или да се лизнам. Сепак, не се сите падови толку болни, низ смеа коментира Свиденски.

Прегледи:
386
Објавено на:
21.05.2016