Категории

ДРУГАРКЕ, ТЕ САКАМ КАКО СЕСТРА ИАКО НЕ НЕ РОДИЛА ИСТА МАЈКА!

Таа е мојата причина за насмевка, секогаш е тука за мене. На која страна да се свртам, само неа ја гледам. Таа е мојата светлина во мракот.

Таа е мојата најверна другарка која ја сакам како сестра. Таа е мојата КОЗА. И што ќе ми е дечко кога ја имам неа? Таа е тука секогаш кога ми треба, но дали дечкото би бил секогаш кога ќе ми треба до мене? Секако дека не.

Понекогаш ќе се скараме. но пак ќе се смириме, затоа што не можеме да живееме една без друга. Кога некој ќе ја повреди неа, исто како мене да ме повредил, а ако некој ме повреди мене, таа ќе го искрши на парчиња.

Мојата сестра од разлчична мајка ќе биде секогаш тука за мене без разлика дали има работа или не. Нејзиниот инат е најголем и никој со неа не може на крај да излезе. Ја сакам и неа и нејзиниот инат. Другарке, те сакам како сестра иако не не родила иста мајка!

Лилјана Ринчева

Прегледи:
1081
Објавено на:
26.05.2016