Категории

Дубаи навечер изгледа како град од некој научно-фантастичен филм

Дубаи поради својот модерен и футуристички стил изгледа како измислен град од некој научно-фантастичен филм.

Дубаи често го опишуваат како град кој успешно ја комбинира традицијата и модерниот стил, град на раскошот и златото кој никна сред пустината, а кој привлекува туристи од целиот свет со своите светла, раскош и златни песочни плажи.

1601191232mn0

“Луѓето често ми зборуваат дека Дубаи ги потсеќа на Blade Runner, а посебно за време на ноќта, кога можат да направат фотографии кои изгледаат како да не се од овој свет”, вели фотографот Алберт Дрос, кој ги направил фотографиите за време на посетата на Дубаи.

Многумина го нарекуваат Дубаи “рајот на земјата”, идеален за шопинг, а денес е дестинација на голем број туристи од врвовите на светската елита.

1601191233mn

Иако градот настанал од производство на нафта, таа сега учествува со само 4% од вкупниот национален доход, кој изнесува преку 45 милијарди долари.

1601191234mn

1601191235mn

1601191236mn

1601191237mn

1601191238mn

1601191239mn

16011912310mn

Прегледи:
745
Ознаки:
·
Објавено на:
20.01.2016