Категории

Две престижни признанија за Скопје Стрит Фестивал

Две престижни признанија за Скопје Стрит Фестивал

Фестивалот за млади „Скопје Стрит Фестивал“ е добитник на 2 награди во рамките на Глобалната Конференција “Eventex” во Софија, Бугарија

Компанијата за организирање на настани, Подиум Македонија, која е иницијатор и организатор на единствениот отворен фестивал за млади, „Скопје Стрит Фестивал” освои две награди на престижниот натпревар на најдобро организирани настани во регионот – Глобалната Конференција за Настани, “Eventex”. Во категорија на повеќе од 50 интернационални настани, нашиот Скопје Стрит Фестивал освои две втори места во категориите „Најдобар културен настан”  и „Најдобар Фестивал”. Во комисијата на оваа конференција проектите беа оценувани од познати светски експерти од областа на маркетинг и евент индустријата.

“Признанијата добиени од една ваква еминентна институција, несомнено не мотивира на Скопје да му подариме уште подобри настани. Евент Менаџмент индустријата во глобални рамки е во огромен пораст. Луѓето се се’ позаситени од информации и се во постојана потрага по нови искуства. Наша одговорност како компанија е да бидеме иновативни и да ги инспирираме компаниите да завземат дел од вакви интерактивни проекти.“ изјави Деспина Козаровска, од Подиум Македонија.

Четвртото издание на Скопје Стрит Фестивал е најавено за 10-11 јуни оваа година.

“Концептот на Скопје Стрит Фестивал и оваа година во себе ќе вклучува 6 интерактивни стејџа кои се отворени и креирани од самите учесници. Ова не е само обичен фестивал, туку платформа која во себе има одлична програма и креира нови искуства. Сигурни сме дека ентузијазмот и пасијата со која работи целиот тим, ја освои комисијата на глобалната конференција “Eventex” и ни ги донесе овие две престижни признанија.” – Изјави Ален Јегени, од Подиум Македонија.

Организаторите и оваа година најавуваат уникатно фестивалско искуство и одличен интерактивен концепт кој повторно ќе го разбуди Скопје.

Фотографии од настанот: https://www.facebook.com/SkopjeStreetFestival/photos_stream?tab=photos_albums

Прегледи:
377
Објавено на:
23.03.2016