Категории

Две први награди за Денс Студио МАК од Куманово на меѓународниот фестивал „Денс Фест“

Денс Студио МАК од Куманово беше дел од меѓународен фестивал „Денс Фест“ кој се одржа овој викенд во Нови Сад. Фестивалот славеше јубилеј од 10 години на кој зедоа учество 35 земји учесници кои се претставија со околу 700 кореографии.

„Нашето студио оваа година освои две први места, едното во формација деца и другото група јуниори во голема конкуренција. Настапивме со 7 кореографии од кои 2 зедоа награда. Задоволни сме од успехот и горди сме  на нашите деца, бидејќи оваа за нив беше едно ново искуство, за некои од нив  и прв настап на сцена“, велат претставниците на Денс Студио МАК.

Кореографиите за фестивалот беа на Игор Шкомац, Мерлин Стојановска и Ангела Костадиновска.