Категории

Две Шмизле доаѓаат во Палма Мол

Брендот за рачно изработен накит Две Шмизле со потекло од Белград, кој од минатата година е достапен и кај нас со продавница лоцирана во трговскиот центар Беверли Хилс во Скопје, на 22, 23 и 24 јуни ќе ги изложи своите уникатни парчиња во трговскиот центар Палма Мол во Тетово.

 

Ова блескаво задоволство ќе го пронајдете на штандот на Две Шмизле каде што со сигурност ќе го препознаете тоа што ви треба за вас или пак за некоја драга особа. Она по што се разликува овој бренд, е тоа што секое парче накит е уникатно и го има само во еден примерок.

Накитот е изработен со кристали на Сваровски со сопствен дизајн, а останатиот дел е направен од различни материјали како што се стакло, полудраги каменчиња, бисери, дрво, кожа и слично. Освен тоа, ќе бидат изложени и обетки, алки, додатоци за коса, брошеви, а сето ова со цени адаптирани за нашиот пазар.

За изненадувањето да биде уште поголемо, првите десет купувачи во секој од овие три дена, ќе добијат попуст од -10% на парчето накит кое ќе одлучат да го купат. Посетете го штандот на Две Шмизле во Палма Мол и бидете уникатна, препознатлива по својот стил и комплетирајте го својот изглед со блескав моден додаток создаден само за вас.

 

Прегледи:
469
Објавено на:
16.06.2017