Категории

ДВЕ ТИТУЛИ ЗА УБАВИЦИТЕ ОД МОДНОТО СТУДИО ЦРНОКРАК ВО БЕЈРУТ НА MISS EUROPE 2020

Завчеравечер во Бејрут, Либан, се одржа изборот за Мис на Европа 2020. Победи убавицата од Франција, титулата Прва придружничка ја освои Литванија, а Втора придружничка е девојката од Украина. Нашата претставничка, Ангела Јакимовска од Скопје направи убав успех влегувајќи во Топ 10 убавици и плус освои и лента и круна за најубаво тело – Miss Best Body.

Таа на изборот настапи преку Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина, изјави Мики Црнокрак од лице место и додаде дека уште една девојка од Модното студио Црнокрак успеа да освои титула и тоа Трета придружничка, а тоа е 19годишната црногорка Лара Стешевиќ, која ја претставуваше својата држава.

Сите европски убавици престојуваа две недели во хотелот Ривиера на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан. Финалето се одржа во Casino Du Liban, за жал без публика, поради истите мерки кои и тука во Либан се преземаат како превенција од Корона вирусот.