Категории

Двоен состанок – добра идеја или ноќна мора?

Научниците кажуваат дека излегувањето во парови може да биде добро за врската, што мислите вие?

После некое време паровите почнуваат да ја земаат својата врска „здраво за готово“. Вашиот партнер и вие немате потреба да се воодушевувате или да се заведувате еден со друг, затоа што веќе се сакате и во добро и во зло. Но понекогаш таквото прифаќање прераснува во рамнодушности и станува анти-климактичко за врската.

Не давате се од себе затоа што сметате дека не морате. Веќе сте го „уловиле“ како и тој вас. Сакате тоа да го промените но не знаете како? Ние имаме добра идеа, излезете на двоен дејт.

Истражувањето спроведено на универзитетот во Maryland открива дека излегувањата во парови ја зголемуваат привлечноста помеѓу партнери. Зошто е тоа така?

Тајната е во тоа што ни вие ни вашиот партнер нема да се чувствувате потполно опуштено и пријатно на двоен дејт па ќе се трудите да го дадете најдоброто од себеси со цел другите да го ценат вашиот труд и ќе ви обрнуваат внимени. Кога во очите на другите ќе се забележи восхит, вашиот партнер ќе почне да ве гледа со потполно други очи, а искрата повторно ќе го распламти огнот.

Прегледи:
430
Објавено на:
14.11.2019