Категории

Дворецот од дизниевите бајки постои и се наоѓа во Кина – Но всушност не е дворец

(ВИДЕО) Дворецот го носи името Џилонг и е всушност доста лускузен хотел во кој ќе можете да се чувствувате како вистински лик од бајките.

На мал остров на среде езерото Ванфенг во југозападната кинеска провинција Гуиджоу е сместен дворец кој неодоливо потсетува на замоците од бајките. Баш онака како што се претставени во анимираните филмови и како што ги замислуваме. Но тоа не е бајковит дворец туку хотел со четири ѕвезди.


Селскиот клуб замок е познат како одморалиште и е изграден во 2011 година. Со копното го поврзува мост кој го одзема здивот. Истовремено изненадува со својот поглед кој е вообичаен за Германија или Франција а не за Кина.
Иако кинеската фасцинација со дворци во европски стил е доста позната, сепак е помалку невообичаена туристичка атракција. За овој замок не се знае многу освен што е хотел со четири ѕвезди.

Прегледи:
796
Објавено на:
19.12.2020