Категории

Видео: Џесика Алба ве води низ нејзината утринска рутина

Џесика Алба се буди во 05:15 за да вежба јога, а првиот чекор после будењето е правењето на јако црно кафе со кокосово масло, кое и дава енергија.

Алба има своја сопствена линија на козметика, под називот “Honest Beauty”. Секое утро и вечер има исти ритуали и производи кои ги користи.

Вели дека не сака да вежба, но се тера себе си да го прави тоа, бидејќи после тренингот секогаш се чувствува добро, силно и полно со самодоверба.

Во едно интервју, Алба подели совет и за важноста на хидратацијата.

 

“Доколку не пиете доволно вода, тоа се гледа однадвор. Како што старееме, работите почнуваат да се забележуваат на нашето лице. Поради тоа е важно да се остане хидатизиран и што повеќе да се движите, бидејќи така ја забрзувате циркулацијата”, советуваше Алба.

Бројните фанови на социјалните мрежи го фалат нејзиниот изглед, коментирајќи колку е убава актерката која не изгледа постаро од 25 години, иако всушност има 34 и две деца.

Прегледи:
694
Објавено на:
12.01.2016