Во стандардното време од 19:15 часот на телевизија Телма, оваа сабота ќе ја гледате втората епизода од најпопуларното топ-шоу „Еден на Еден“. Овој пат Жаре го угости еден од најпознатите пејачи на овие простори, мега-ѕвездата Жељко Јоксимовиќ.
Жељко во емисијата открива детали од својот приватен живот, зборуваше за неговата кариера, а Жаре го натера да отсвири што повеќе музички инструменти за само 60 секунди, па Жељко се фати за хармоники, тарабуки и што уште не.
Секако, ќе има изненадувања за публиката, а ќе има и многу вредни подароци за тие кои ќе ја гледаат емисијата на ТВ. Затоа, оваа сабота во 19:15 часот бидете вклучени на Телма за Еден на Еден!