Категории

Еден знак во устата открива потенцијален ризик од срцев удар

Една нова студија покажа дека луѓето со периодонтитис имаат три пати поголем ризик од срцеви заболувања и срцев удар!

Генетиката и возраста секако играат улога во болеста, но за тоа придонесуваат и некои наши навики и начин на живот – лошата исхрана, недостатокот на физичка активност, пушењето и болестите на непцата.

Една студија објавена во стручно списание, спроведена од Институтот Форсајт и научници од Харвард, покажа дека луѓето кои имаат периодонтитис имаат поголем ризик од срцев удар, мозочен удар и други кардиоваскуларни болести.

Врската помеѓу оралното здравје и кардиоваскуларните заболувања
„Оралното здравје значи состојбата на устата и забите. Во овој поглед, многу е важно да се грижите за вашето орално здравје бидејќи тоа влијае на целокупното здравје. Лошото орално здравје доведува до заболување на непцата, што може да доведе и до губење на забите. Болеста на непцата е поврзана и со други здравствени проблеми како срцеви заболувања, срцев удар и дијабетес“, објаснува д-р Томи Мичел.

Периодонтитисот е сериозна инфекција на непцата која го оштетува мекото ткиво и ги уништува коските што ги поддржуваат забите. Ако не се лекува, забите може да паднат.

Оваа инфекција обично се јавува поради лоша орална хигиена, но одредени медицински состојби исто така го зголемуваат ризикот од периодонтитис. На пример, луѓето со дијабетес се поподложни на оваа инфекција, а во исто време, периодонтитисот го влошува и дијабетесот.

„Сега постојат значајни докази за поврзаност помеѓу периодонтитисот и болестите како што се срцевите заболувања, дијабетесот и респираторните заболувања. Иако не е точно јасно зошто постои оваа врска, се смета дека бактериите од воспалените непца можат да навлезат во крвотокот и да придонесат за развој на овие состојби.Резултатите од студијата покажуваат дека раната дијагноза и третман на периодонтитис може да биде пресудна во превенцијата на овие хронични заболувања“, вели д-р Мичел.

Тој додава дека новата студија „недвосмислено покажува дека болеста на непцата е фактор на ризик за срцеви заболувања“ и дека тоа не го изненадило, но бил изненаден од влијанието на болеста на непцата.

„Студијата покажа дека луѓето кои имаат заболување на непцата имаат три пати поголема веројатност да развијат срцеви заболувања отколку оние кои го немаат овој орален проблем“, истакна тој.

Прегледи:
353
Објавено на:
18.07.2022