Личност која најмногу ја сакам, без која не можам да го замислам животот е татко ми.
Личност на која можам да се потпрам кога ми е тешко, единствен маж за кој можам да кажам дека е маж, тоа е мојот татко.
Татко не е само збор, туку нешто повеќе, потпора, крал без круна, среќа, причина за живот, мојот татко, живот мој.
Плачете за машки кои ни ги скршиле срцата, додека јас плачам кога тој не е покрај мене, кога е на пат, кога го нема дома, кога не можам да затворам око додека не си дојде, кој го сакам со целото мое срце.
Најмногу од се ме боли кога ќе отидам да плачам кај него поради машко, а додека ја плачам неговото срце се крши.
Тој е единствена личност која заслужува да каже, моја мала принцеза, бидејќи секогаш ќе бидам негова мала принцеза, а тој мој крал.
Татко за кој можам да кажам дека ми подарил се во животот, кој бил до мене во најтешкото, татко за кој можам да кажам дека е личност со најдобар карактер.
Татко кој ме чувал и штител, ме сакал безусловно, а не како другите машки кои лажат кога ти кажуваат дека те сакаат.
Знајте дека татковата љубов нема граници.
Треба да престанеме да плачеме по машки, бидејќи тие никогаш нема да плачат за нас, единствен маж кој може да пролее искрена солза за тебе е таткото.
Фала за се тато.
ТЕ САКАМ.
Една Ена