Категории

ЕДИНСТВЕНИОТ МАЖ КОЈ ТЕ САКА ВИСТИНСКИ ВО ЖИВОТОТ Е ТАТКО ТИ!

Не, не те заборавив. Нема ни да се случи тоа. Човек си се навикнува на се.

Животот оди понатаму, луѓето си заминуваат, нови доаѓаат, а ние? Ние се навикнуваме на секоја ситуација.

Бидејќи тоа е одлука на некој, а ти треба само да ја почитуваш, нели? А зошто? Па, секако. За тој некој да си живее како што сака и ич да не го боли за тебе.

Уште помалку за твоите чувства.

За тој некој да продолжи да се занимава со дрољички, ти трпиш се. Си ги исполнуваш деновите само да не мислиш на него.

Пробуваш да се заљубиш повторно, во некој друг, некој што ќе знае да те цени и сака. Но, безуспешно.

Навечер гледаш да заспиеш порано за да не се удавиш во сопствените солзи, а наутро се смееш од 6ка до 6ка и така го поминуваш цел ден. Со насмевка.

Од каде таа храброст и сила да се смееш? Па нели беше повредена од човекот на твојот живот? Од твојот принц?

Лепото, запамти едно, човекот кој би дал се за тебе, кој те сака безусловно и кој никогаш ама НИКОГАШ нема да те повреди се вика ТАТО.

Муваторите и дечковците се минливи. Денес ги имаш, утре се во прегратка на некоја дроља.

Само овој човек останува со тебе засекогаш. Само тој те сака безусловно и никогаш нема намера да те повреди.

Само тој треба да биде кралот на твојот живот.

Татковата љубов е таа што треба да ти дава сила да издржиш при секој пад, при секое раскинување или караница.

Таткото е тој кој би направил се за неговата ќеркичка. Затоа, заборавив на се, продолжив понатаму и продолжив да те сакам.

Да, продолжив да те сакам тебе тато.

Јована Богдановска

 

Прегледи:
1345
Објавено на:
05.05.2016