Категории

Една од најубавите вести денес:”МОМЧЕТО СО АЛПОРТОВ СИНДРОМ СЕ СРЕТНА СО СВОЈОТ ХЕРОЈ РОНАЛДО”

Осумнаесет дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“, заедно со 16-годишниот Филип се сретнаа со суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, како и Жозе Мурињо пред Суперкупот на УЕФА кој ќе се игра во Скопје.

Дечињата со оштетен слух ќе настапат пред натпревараот од Суперкупот и на знаковен јазик ќе ја испеат „Sky Full Of Stars“ од „Coldplay“, а пред мечот направија средба со членови на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Меѓу дечињата беше и Лука, кому му е дијагностициран аплортов синдром, болест поради која морал да престане со фудбалот, иако важел за голем талент.

Очињата на малите деца светкаа, кога го видоа Роналдо како и Мурињо кој важи за еден од најдобрите тренери на светот. А, кој не би бил среќен, кога би бил лице в лице со својот идол?

Прегледи:
394
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
08.08.2017