Категории

Еднорог-јајца: Како да направите јајца за кои ќе се зборува до следниот Велигден?!

Убави еднорози кои се популарни во последно време, исто така, може да се најдат на вашата велигденска трпеза.

Со малку имагинација и напор, едно обично варно јајце може да се претвори во шик еднорог. Вклучете се во правењето и восхитувањето на сопственото дело.
 
За да го направите ова ви треба:
 
– бело јајце
– црн маркер
– подебела хартија
– лепак
– светки
– ножици
– четка з
– вештачко цвеќе
– пиштол за лепак


 
Постапка:

Направете мал рог на подебела хартија во боја и декорирајте со светки. Рогчињата залепете ги на јајцата со помош на пиштолот за лепак. Со црн маркер нацртајте очи со трепки. Набавете мали букетчиња со вештачко цвеќе и залепете ги меѓу роговите.

Прегледи:
964
Објавено на:
05.04.2018