Легендите велат дека овие митски суштества наликуваат на бел коњ со рог на челото, а од нивното тело тече крв во сребрена боја. Рогот ја симболизирал духовната плодност и физичката невиност…
Се верувало дека оној кој ќе убие еднорог и ќе ја испие неговата крв ќе биде проклет засекогаш. о античкиот фолклор еднорозите имаат големо значење. Дали е тоа така поради нивната крв, рог и извонредната моќ или затоа што се прекрасни суштества?
Во едно американско списание за применети науки објавено е итражувње во кое се говори за цицачите „elazmoterium sibiricum“, кои изумреле пред приближно 29.000 години, што значи дека суштества кои наликуваат на еднорози навистина постоеле. Разбирањето на минатото дозволува што попрецизно предвидување на природните процеси во иднина.
Еднорогот кој го анализирале истражувачи од Русија, пронајден е во Павлодар, Казахстан. На основа на описот и физиономијата, тој еднорог повеќе личи на влакнест носорог, отколку на коњ.
Биле со висина од 2,15 метри, а тешки дури 4 тона. Роговите веројатно биле долги околу 2 метри.
Инаку, во средниот век се сметало дека само девица може да го скроти еднорогот и дека неговиот рог во прав штити од труење и од најразлични болести – се наведува во списанието „American Journal of Applied Sciences“.