Категории

Едноставен трик за подигнување на самодовербата: Делува веднаш во критични ситуации

Ако сакате да заблескате во вистинско светло, но немате самодоверба – пробајте го овој супер психолошки трик!

Без разлика дали се подготвувате за интервју за работа, испит или важен состанок, трикот за подигнување на самодовербата ќе ви помогне …

 

Според истражувањето објавено во научното списание „Невро регулатива“, студентите имале поголема самодоверба во решавање на едноставни математички проблеми ако седат исправено. Од 125 испитаници, 56 проценти рекле дека им било полесно да ги решаваат математичките задачи напамет (без хартија и молив) кога водат грижа за држењето на телото отколку кога седат лежерно на столот.

 

Овој метод беше особено ефикасен за испитаниците кои изјавиле дека не се особено добри во математиката. Научниците веруваат дека заради подгрбавеното седење, ние не мислиме најдобро, затоа што таквата дефанзивна положба може да поттикне сеќавања на непријатни настани од минатото, на што се почувствителни анкциозните луѓе.