Категории

Едноставни мантри за живот без стрес

„Живот без стрес“? За повеќето луѓе ова звучи како некоја бајка или фантазија. Но, не мора да биде така. Запомнете ги овие едноставни совети, и потсетувајте се на нив секогаш кога ќе се соочите со интрузивни мисли во врска со себеси. Не можете да контролирате што се случува, но можете да контролирате како ќе се чувствувате во врска со тоа.

1. Простете си на себеси од минатото. Минатата верзија од Вас има помалку информации и помалку искуство од денешните Вие. Сте биле понаивни, сте простиле на луѓе на кои не требало, сте биле луѓе на кои не требало да им простат другите… Што и да е во прашање, простете си на себеби од минатото – на личноста без проживеаните поуки сте ги добиле од конкретното искуство!

2. Не можете да им ја промените на луѓето сликата за Вас. Факт е дека и да сте објективно најдобрата личност на светот, ќе има многу луѓе на кои што, еднставно, ќе им лазате по нерви. Ќе ве мразат можеби поради што мислат дека Вашата добрина е лажна, или можеби поради што не сакаат добри луѓе околу нив. Нејсе – небитно е што мислат и зошто го мислат тоа. Битно е Вие да си бидете најдобрата верзија од себеси.

3. Дајте му време на времето. Времето навистина лечи се’. Има огромни болки кои се чини дека ќе траат цел живот, но со тек на време, на се’ се навикнуваме. Оставете да помине време и да си ја направи својата магија.

4. Вашето патешествие е само Ваше. Како што сечие патешествие е само нивно. Споредбата со другите луѓе е сулуда, бидејќи сите имаме различни животни приказни, различни падови и успони кои не’ донеле до некое место. Затоа, секој треба да си гледа пред својот пат, и да не се меша кај другиот.

5. Во ред е да не знаете се’. Никој не се родил сезнаен, ни па ќе умре сезнаен. Одговорите на прашањата се учат со тек на време и искуство.

6. Вашите проблеми Ви изгледаат поголеми отколку што се. Повеќето проблеми се решливи и не се толку страшни колку што Ви изгледаат.

Прегледи:
661
Објавено на:
27.10.2020