Категории

Едноставни вежби за совршено рамен стомак

Ова се вежби кои може да ги правите дома додека гледате телевизија. Едноставни се и лесни, а резултатите се фантастични. Со малку труд ќе го добиете рамниот стомак за кој отсекогаш сте сонувале.

Потребно е да одвоите 1о минути на ден. Легнете на подот, пуштете ја вашата омилена музика и почнете со вежбање. Погледнете го видеото во кое се прикажани потребните вежби за рамен стомак:

Напиток кој помага во топење на мастите

Овој напиток освежува, ревитализира, ја намалува надуеноста и ги смирува органите за варење, а воедно содржи малку калории. Во комбинација со вежбите од видеото погоре, резултатите се загарантирани.

Состојки:

  • 8 чаши вода (околу 2 литри)
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1 свежа краставица
  • 1 лимон
  • 12 ливчиња од нане

Подготовка:

Краставицата и лимонот се сечат на тенки кришки и се ставаат во вода со сите останати состојки. Промешајте јаа течноста и оставете ја преку ноќ во фрижидер, а потоа процедете. Нутриционистите велат, во текот на тие четири денови додека се пие овој напиток, треба да се избегнуваат слатки и нездрава висококаалорична храна. Не е добро ниту да се пие газирана вода. Треба да се јадат здрави намирници во мали оброци, сетоа тоа надополнето со поголемо движење од вообичаено.

Речиси сите состојки се природни диуретици кои ќе го стимулираат ослободувањето на вишокот течности од телото, па имајте на ум дека ќе треба да поминете повеќе време во тоалетот.

 

Прегледи:
519
Објавено на:
19.10.2017