Категории

Ефективни домашни третмани за плускавци на нозете

Доколку имате проблем со плускавци, овие домашни третмани даваат ефективни резултати во нивното отстранување.

Плускавците на нозете се чест проблем. Непријатните и болни пликови се појавуваат како резултат на триење и иритација на горниот слој на кожата. Голем дел од плускавците се исполнети со прозирна течност но можат да бидат полни со крв или гној ако се воспалат и инфицираат.

Доколку имате проблем со плускавци, овие домашни третмани даваат ефективни резултати во нивното отстранување.

АЛОЕ ВЕРА
Алое верата е одличен лек чии состојки имаат противвоспалително дејство кое го ублажува воспалението и црвенилото. Поради големата количина на вода која ја содржи, алое верата дава хидратација на проблематичните подрачка и го забрзува процесот на зарастување особено ако плускавецот веќе пукнал.
Ставете гел од алое вера врз плускавците и оставете да се исуши. После тоа исперете го млака вода. Друга опција е да ја комбинирате алое верата со витамин Е.

ЗЕЛЕН И ЦРН ЧАЈ
Зелениот и црниот чај делуваат противвоспалително, но зелениот чај има посилно противвоспалително дејство од црниот. Затоа ако имате избор, изберете го зелениот чај.
Во 250 мл врела вода, ставете една кесичка зелен чај и оставете да одстои 5 минути. Потота оставете го чајот да одстои на собна температура додека не се излади. Натопете парче памук со чајот и ставете го на плускавецот и оставете да делува 15-30 минути. Постапката повторувајте ја 2-3 пати неделно.

ВИТАМИН Е
Витаминот Е го поттикнува процесот на зараснување и го спречува настанувањето на плускавците. Маслото од една капсула витамин Е нанесете го на плускавецот и оставете да делува најмалку 30 минути.
Постапката повторувајте ја секој ден.

ПАСТА ЗА ЗАБИ
Поради состојките кои ги содржи,како што е сода бикарбона и ментол, пастата за заби може да помогне во решавањето на проблемите со болните плускавци. Нанесете малку паста за заби на болното место и оставете да одстои 2 часа. После тоа исперете со млака вода и нанесете крем за стапала. Постапката повторете ја 2 пати дневно додека не се повлечат плускавците.

Напомена: Не користете паста за заби која е наменета за избелување на забите.

КАМИЛИЦА
Состојките кои се наоѓаат во камилицата помагаат при болката и отокот. Направете силен чај од камилица – Во 250 мл врела вода ставете 2-3 кесички чја и оставете да одстои на собна темепратура додека не се излади. Кога ќе се излади, парче памук натопете го со чајот и ставете го на плускавецот и оставете да делува околу 10 минути.
Постапката повторете ја неколку пати во денот.

ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ
Јаболковиот оцен има антибактериско дејство, па доколку плускавецот пукне, може да спречи појава на инфекција. Меѓутоа, треба да се нанесува директно на плускавецот што може да предизвика печење и црвенило. Поради тоа доколку се одлучите за овој лек, ставете мала количина оцен на памук и нежно нанесете на проблематичното место.