Категории

Ефективни напитоци кои го помагаат слабеењето доколку ги пиете редовно

Веројатно сите знаат дека консумирањето течности е неопходен дел од слабеењето. Но, зошто би пиеле само вода?Постојат неколку пијалоци кои не содржат многу калории, полни се со витамини и се одлични за „чистење на телото“.

Чај од ѓумбир
Речиси и да нема здрава смеса во која една од клучните состојки не е ѓумбирот. Ова растение е одличен извор на калциум, магнезиум, витамини Б6 и Ц, а богато е и со гинџерол, природна состојка која ја подобрува работата на цревата, го олеснува и стимулира варењето, ја ублажува надуеноста, стомачни тегоби и спречува грчеви. Свеж корен од ѓумбир, излупете го и изрендајте многу ситно. Потоа прелијте го со околу 250 милилитри врела вода и слободно додадете неколку капки сок од лимон. Напитокот може да се конзумира секое утро на празен стомак.

Вода за детоксикација
За да ја подготвите оваа вода, потребен ви е свеж ѓумбир, листови од нане, краставица, лимон и литар вода. Ова може да ја замени водата.

Ладен чај од цимет
Во 200 мл врела вода истурете половина лажичка цимет во прав и оставете ја водата да се излади. Потоа, додадете една лажичка мед и оставете го напитокот во фрижидер. За подготовка на овој напиток ви се потребни 10 минути. Не треба да додавате ништо на тоа и можете да пиете по една разладена чаша секоја вечер.

Прегледи:
691
Објавено на:
06.03.2022