Категории

Египет ги пошумува пустините со помош на отпадна вода од канализација

Египет со помош на одпадните води од канализација, започнале процес на пошумување на пустините од прични што 96% од површината на Египет е пустинa, поради екстремната изложеност на сонце  и отсуството на дожд

Според Обединетите нации, губењето на шумите станува сè поопасен процес и секоја година се губат околу 12 милиони хектари шума поради сечење или суша. Како одговор на овој загрижувачки проблем владата на Египет смисли план уште во 1990-тите години да пошуми 36 пустински места со помош на вода од канализација. Денес тие шуми растат и обезбедуваат природни ресурси.

Во Египет 96% од површината е пустинско земјиште поради екстремните температури и речиси никаков дожд. Земјата нема никаква плодна почва. Водата од Нил се користи за консумација во домаќинствата и за земјоделство. Со цел да заживее програмата за пошумување морало да се бара друг извор на вода за наводнување, а отпадните води се сметале за соодветна замена.

Водата од канализацијата се филтрира за да се отстранат загадувачите, а во втората фаза се додаваат кислород и микроби во водата за да се разложи изметот  другите органски материјали. Тоа што останува е вода богата со хранливи состојки, со фосфати и водород, кои го поттикнуваат растот на растенијата. На дрвјата не им треба ѓубриво поради големата концентрација хранливи состојки во отпадната вода.

Шумите овозможуваат развој на здрави екосистеми, каде што влагата и сенката обезбедуваат соодветни услови за живот на животни и други растенија и цвеќиња. За пошумувањето во Египет се користат различни видови дрвја, избрани врз основа на брзината на растот.