Категории

Егзема – Како да ја излечите на природен начин?

Обележан со осип, отеченост и изразено сува кожа, егземата се смета за последица на некое нарушување на имунолошкиот систем.

Стресот, изложеноста на надразнувачки супстанции, како и бактериски инфекции можат да ја стимулираат реакцијата која доведува до – појава на егзема.
Најчесто егземите се појавуваат на внатрешната страна на колената, на латовите, вратот, рацете и стапалата, но можат да зафатат и други подрачја.

Познато е дека хормонот на стрес односно кортизол ја стимулира појавата на егзема, па препорачливо е да се испробаат методи за опуштање како јога и медитација. Освен тоа, причина за настанокот на егзема може да биде и инфекција која може да се спречи со често миење раце, здрава исхрана и доволна количина сон.

ЛЕЧЕЊЕ НА ЕГЗЕМ СО ПОМОШ НА ДИЕТА
Примената на диета може да помогне во сузбивањето на хроничните воспаленија на кожата за кои се смета дека играат клучна улога во појавата на егземата. Нетолеранцијата на млечни производи, кафе, соја, јајца, јаткасти плодови, пченица и пченка може да дојде до појавуавње на егзем.
За да утврдите дали некоја храна ја предизвикува оваа стостојба обидете се да ги емилиминирате сите потенцијални предизвикувачи од вашата исхрана во рок од две недели.
Потоа воведувајте ги една по една во исхраната следејќи ја состојбата на кожата.
На секој 5 дена можете да воведете нова намирница ако утврдите дека претходната не предизвикала појава на егзем.

Друга опција е зголемување на внесот на ленено семе и масна риба (лосос и сардина) кои содржат Омега 3 масни киселини и можат да помогнат во спречувањето на воспаленијата, односно егзем. Зголемениот внес на бета-каротен исто така спречува појава на егзем. А во таа група спаѓаат морковите, кењот, мангото.

ЛЕЧЕЊЕ НА ЕГЗЕМОТ СО ПРИРОДНА НЕГА НА КОЖА
Кожата на луѓето кои страдаат од егзем има ослабена способност за опоравување поради губитокот на масла што е резултат на неадекватниот начин на одржување на хигиена. Во тој поглед потребно е да ја одржувате кожата хидрирана и заштитена. Тука можат да ви користат природните производи.

Наполнете ја кадата со топка вода и додадете две шолји морска сол. Останете 15 минути во топлата купка така што морската сол ќе ги отстрани сите мртви клетки од вашата кожа. После купката нанесете масло и хидратантна крема за тело за да ја – заклучите влагата. Одличен избор е нерафинирано маслиново масло кое е богато со витамин Е. Исто така и производи на база на чиста алое вера и крем од невен кои помагаат кожата да ја одржи својата влажност.