Категории

Експертите препорачуваат: Одвоеното спиење го подобрува сонот, но и врската!

Што ако ви препорачаме да не спиете вечерва со партнерот?

Многу голем број долгогодишни партнери предлагаат да пробате нов начин на спиење со вашиот сакан, а тоа е да спиете одделно, како да сте разведени. Тие тврдат дека оваа практика значително го подобрила  и го олеснила нивниот сон. “Ако вие и вашиот партнер можете да спиете заедно без да си пречите еден на друг, тогаш тоа е совршена работа. Сепак, ова не значи дека вашата врска е подобра од врската на паровите кои спијат одделно. Илјадници парови спијат во различни простории, но после будењето тие продолжуваат да се дружат и да се однесуваат како заљубени луѓе “, објаснува Џенифер Адамс, авторка на книгата “Sleeping Apart Not Falling Apart”.

 

Дури и таа спие одделно од сопругот, со кого е во брак 15 години. Таа тврди дека нормата според која партнерите мора да спијат заедно не е толку почитувана, ниту е вообичаена како што мислат луѓето. Психолозите тврдат дека на возрасно лице му требаат најмалку седум часа спиење, а доколку на партнерот му се прекине сонот, тоа може да создаде јаз меѓу вас двајцата. Некои истражувања докажаа дека проблемите со спиењето и проблемите со врските се во пакет и многу често се директно поврзани.

 

“Чувството што го создавате кога лежите во темница и гледате во таванот затоа што не можете да спиете бидејќи вашиот партнер силно хрчи е чувство кое со себе носи одбивност, лутина и уште многу други негативни чувства. Кога таквите чувства се присутни подолго време, тие создаваат јаз меѓу партнерите”, вели Адамс.

 

Експертите за сон во повеќе наврати наведоа дека спиењето е многу важно за здравјето на организмот бидејќи помага да се обноват крвните садови, да се намали ризикот од дебелина и да се подобри имунитетот, пишува Klix.ba.

 

„Поголемиот дел од ноќта ја поминуваме менувајќи ги фазите на спиење во кои се наоѓаме. Многу е важно да се дојде до фазата на длабок сон, затоа што тогаш телото најмногу се обновува и одмара. Ако некој упорно го прекинува вашиот сон, вие никогаш не ја достигнувате таа фаза, не одмарате колку што треба, што со себе предизвикува многу последици“, додава Адамс.

 

Но, како да му кажете на вашиот партнер дека сакате да спиете одделно? Изберете го делот од денот кога и двајцата имате доволно време и простор за овој разговор. Смислете добра приказна пред да одлучите да седнете и да разговарате со него. Размислете како би сакале да ви бидат соопштени вакви информации и потоа на ист начин разговарајте со партнерот за вашиот план.

 

„Важно е да му објасните дека не сакате да ја повредите вашата врска или да се оддалечувате од него, туку едноставно сакате да создадете средина каде што и двајцата ќе имате нормално време за спиење и квалитетен сон“, заклучува Адамс.

Прегледи:
400
Објавено на:
09.09.2019