Категории

Ема Вотсон изгледа како вистинска принцеза на промоциите на „Убавицата и Ѕверот“

Младата холивудска актерка Ема Вотсон, на сите позната како хероината Хермиона од сагата „Хари Потер“, е вистинска Дизни принцеза, но не само на филмското платно туку и во реалниот живот.
На турнејата ширум светот за промовирање на адаптацијата на легендарната бајка „Убавицата и Ѕверот“ таа започна моден маратон кој се состои од најгламурозните и највпечатливи тоалети во кои изгледа како вистинска принцеза. Како една од најпознатите феминистки на денешницата која активно ја води кампањата “HeForShe” Ема исто така се залага и за екологијата и природата така што сите креации кои таја ги носи на промоциите се изработени од обновливи материјали. Ви ги претставуваме нејзините најубави изданија кои таа ги носеше на промоциите на филмот заедно со нејзиниот партнер Ден Стивенс, според кои можеме навистина да заклучиме дека Ема е вистинско олицетворение на убавата принцеза Бела.



 

Прегледи:
475
Објавено на:
23.03.2017