Најпознатата рап ѕвезда на сите времиња, Еминем, се најде во улога на продавач на паста во новоотворениот ресторан во неговиот роден град Детроит.
Тој вчера отвори нов ресторан, а првите 10 купувачи беа послужени лично од него. Поради огромниот интерес, фановите започнале да чекаат ред уште во 10 часот наутро, 7 часа пред да отвори ресторанот. Локалните минувачи биле сведоци на огромна редица луѓе кои чекале цел ден.
Името на ресторанот е „Mom’s Spaghetti“, а она што е интересно е дека тоа е извадок од познатата песна на Еминем „Lose yourself“.