Категории

Емотивна исповед на Цеце Николова: „Се преморив од перики. Имам алопеција и среќна сум зошто од неа не се умира!“

Новинарката Цеце Николова отворено призна како се чувствува поради својата болест. Таа испрати моќна порака преку фотографиите на кои е сликана без перика, вели дека е среќна иако и било потребно долго време за да го прифати тоа.

Хај.
Мала дигресија.
Сакав да ви кажам нешто.
Ова сум јас.
Драго ми е што се упознаваме.
Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа – со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се десило. Одувек.
Пркни малку, падни многу, пркни повеќе – падни највеќе. 2021-ва дојде. Ја, еве, се сликам без перика.
Ова сум јас, луѓе.
Малку се преморив од перики и све што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) – мрежа се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној примети, онаа рекла се занасам нешо…
Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира!  Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фалабогу што изгледам како што изгледам. Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих – заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист.
И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си.
Ама нека не ве лажат, лесно не е ич.
Прегледи:
787
Објавено на:
29.03.2021