Категории

Емотивна порака од еден родител до бабите и дедовците: Ви благодариме за сѐ, не би можеле без вас!

Во името на сите родители во светот, сакам да им се заблагодарам на сите баби и дедовци на нивната посветеност, сочувство, трпение и љубов!

Беа тука да ни помогнат од самиот почеток. Тие ги сакаат нашите деца како свои, а можеме да им ги довериме животите на нашите деца 110%.

Кога се баба и дедо тука, ние немаме за што да се грижиме – бидејќи знаеме дека сѐ е под контрола. Тие се тука за прослави, за доаѓањето на ново бебе, и за навистина тешки времиња кога знаат дека ни е потребен дополнителен пар раце. Тие ни помагаат во секоја смисла.

Тие ги исполнуваат нашите специфични барања и ни говорат дека нашите деца не само што се убави и добри – туку се и силни, интелигентни, моќни, креативни и љубезни.

Им благодариме на сите дедовци кои успеваат да се сетат секогаш да донесат некое убаво слатко поради кое малите деца се воодушевуваат секогаш!

Им благодариме на сите баби кои ја прават најубавата пилешка супа на светот!

Им благодариме на сите баби и дедовци кои внимаваат на нашите деца како да се нивни, за да можеме да одиме на работа без да се грижиме, бидејќи знаеме дека се во сигурни раце.

На сите баби и дедовци кои неуморно ги заспиваат нашите деца за ние да направиме мала пауза и да се одмориме.

Сите дедовци кои ги земаат децата од училиште и ги носат дома.

Сите баби кои секогаш знаат да ја кажат вистинската мисла во вистинско време.

Списокот е долг, има уште безброј нешта за кои би можеле да им се заблагодариме.

Се чувствувам како никогаш да не можам да им се оддолжам на бабите и дедовците за сѐ што направиле за нас и што продолжуваат да прават. Би сакал да можам да добијам на лотарија и да ги испратам на патување каде што ќе посакаат. Би сакал да можам да им купам нов аавтомобил, или магично да избришам некои нивни грижи.

Но, навистина не можам. Не во овој момент. Не додека сме во оваа етапа од животот и ги градиме нашите животи пронаоѓајќи ги соништата. Понекогаш се чувствувам тажно и криво ми е поради тоа. Затоа што сакам да им го дадам тоа што ни го даваат цело време – стабилност, удобност, сигурност, вера и помош.

Бидејќи, ве цениме.

Благодарни сме ви.

Потребни сте ни.

Ве поздравуваме.

Ви благодариме на сѐ.

Ве сакаме.

Конечно ве разбираме!